Bosch GCB 18 V-LI Professional User Manual Page 124

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 168
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 123
124 | Македонски
1 609 92A 0B0 | (5.7.13) Bosch Power Tools
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток
спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Користете батерии кои се соодветни на Вашиот
електричен апарат од Bosch. Само на тој начин
батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред. При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или
непознати производители, постои опасност од повреди
како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење на пластика,
метал и гума на цврста подлога. Тој е погоден за прави
резови под закосени агли до 45°. Внимавајте на
безбедносните напомени за пила.
Светлото на овој електричен апарат е наменето да го
осветли директно полето на работа на електричниот
апарат и не е погодно за просторно осветлување во
домаќинството.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Батерија*
2 Лампа „PowerLight“
3 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Водилка
6 Лист за пилата со подвижна лента *
7 Стрелка за правец на вртење на куќиштето
8 Лост за претходно затегање на листот за пилата со
подвижна лента
9 Дополнителна дршка (изолирана површина на
дршката)
10 Копче за отклучување на батеријата *
11 Поклопец за листот за пилата со подвижна лента
12 Шраф
13 Водилка за листот за пилата
14 Рачка (изолирана површина на дршката)
15 Копче за приказот за наполнетост на батеријата*
16
Приказ за наполнетоста на батеријата*
17 Валјак за листот за пилата
18 Отвор со навој
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со A,
типично изнесува 79 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Нивото на звучниот притисок при работењето може да
пречекори и 80 dB(A).
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
Сечење на метал: a
h
<2,5m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено
со нормирана постапка според EN 60745 и може да се
користи за меѓусебна споредба на електрични апарати.
Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на
оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е исклучен
Пила со подвижна лента GCB 18 V-LI
Број на дел/артикл
3 601 BA0 3..
Номинален напон
волти= 18
Број на празни вртежи
м/мин 162
Димензии на листот за пила
мм 733 x 12,7 x 0,5
макс. длабочина на резот
мм 63,5
Тежина согласно
EPTA-Procedure 01/2003
кг 3,6/3,8*
* во зависност од употребената батерија
OBJ_BUCH-1398-004.book Page 124 Friday, July 5, 2013 11:42 AM
Page view 123
1 2 ... 119 120 121 122 123 124 125 126 127 128 129 ... 167 168

Comments to this Manuals

No comments