Bosch GCB 18 V-LI Professional User Manual Page 125

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 168
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 124
Македонски | 125
Bosch Power Tools 1 609 92A 0B0 | (5.7.13)
или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова
може значително да го намали оптоварувањето со
вибрации во периодот на целокупното работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на
дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2009/125/EC,
(одредба 1194/2012), 2011/65/EU, 2004/108/EC,
2006/42/EC.
Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, PT/ETM9,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
Leinfelden, 05.06.2013
Монтажа
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите што се наведени на
страницата со опрема. Само овие полначи се погодни
за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен
апарат.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За
да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба
ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот
апарат, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се
оштети.
Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата,
што дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и
45 °C. Со тоа се постигнува долг рок на траење на
батеријата.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата
Батеријата 1 има два степени на заклучување кои
спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отворање на батеријата 10.
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа
се држи во позиција со помош на федер.
За да ја извадите батеријата 1 притиснете на копчињата за
отворање 10 и извлечете ја батеријата нанапред од
електричниот апарат. Притоа не употребувајте сила.
Приказ за наполнетоста на батеријата (види слика A)
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 16 ја покажуваат наполнетоста на батери
јата 1.
Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 15, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 1.
Доколку по притискањето на копчето 15 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Монтирање/менување на листот за пилата со
подвижна лента
При ставањето на листот на пилата со подвижна
лента носете заштитни ракавици. Доколку го допрете
листот на пилата со подвижна лента постои опасност од
повреда.
Секогаш носете заштитни очила. Заштитните очила го
намалуваат ризикот од повреди.
Бирање на лист за пилата со подвижна лента
Прегледот за препорачани листови за пила со подвижна
лента ќе го најдете на крајот од ова упатство.
Монтирање на листот за пилата со подвижна лента
(види слики B E)
Олабавете ги двата шрафа 12 и извадете ги поклопците
11. Навалете го лостот 8 за 180° во правец на вртење
до крај.
Ставете го листот за пилата со подвижна лента 6 во
водилките за листот за пилата со подвижна лента 13.
Задната страна од листот за пила мора да го допира
лежиштето во долниот дел на водилките на листот за пила
13.
Водете го листот за пилата со подвижна лента 6 околу
двата валјаци 17.
Henk Becker
Executive Vice President
Engineering
Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9
LED Капацитет
Трајно светло 3 x зелено 2/3
Трајно светло 2 x зелено 1/3
Трајно светло 1 x зелено <1/3
Трепкаво светло 1 x зелено Резерва
OBJ_BUCH-1398-004.book Page 125 Friday, July 5, 2013 11:42 AM
Page view 124
1 2 ... 120 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 ... 167 168

Comments to this Manuals

No comments