Bosch GCB 18 V-LI Professional User Manual Page 126

  • Download
  • Add to my manuals
  • Print
  • Page
    / 168
  • Table of contents
  • BOOKMARKS
  • Rated. / 5. Based on customer reviews
Page view 125
126 | Македонски
1 609 92A 0B0 | (5.7.13) Bosch Power Tools
Навалете го лостот 8 за 180° во правец на вртење до
крај. Проверете дали листот за пилата со подвижна лента
6 е точно позициониран околу двата валјака 17. Монти-
рајте ги поклопците 11 и зацврстете ги двата шрафа 12.
Проверете дали листот за пилата со подвижна лента
6 е правилно вметнат. Вклучете го и исклучете го
кратко повеќе пати електричниот апарат. Листот за
пилата со подвижна лента што не е правилно монтиран
може да се олабави и да ве повреди.
Дополнителна дршка (види слика F)
Користете го вашиот електричен апарат само со
дополнителна дршка 9.
Зашрафете ја дополнителната дршка во соодветниот
отвор со навој 18 на куќиштето.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Ставете ја наполнетата батерија 1 однапред во
електричниот апарат. Притиснете ја батеријата целосно во
електричниот апарат, додека не се заклучи.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување 3 и притиснете
го на крај прекинувачот за вклучување/исклучување 4 и
држете го притиснат.
Лампата 2 свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклуч
ување 4 е напола или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.
За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 4.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 4 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При големо оптоварување или
пречекорување на дозволената температура на
батеријата 70 °C електрониката го исклучува
електричниот апарат, додека не се врати во оптималните
граници на температура.
Совети при работењето
При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Изберете соодветна позиција за сечење на делот што
се обработува, така што, што е можно повеќе запци од
листот за пилата со подвижна лента 6 да се во резот
(види слика G).
Вклучете го електричниот апарат, поставете го со
водилката 5 на делот што се обработува и спуштете го
листот за пилата со подвижна лента 6 полека во резот.
Работете со постојан притисок и рамномерни движења.
Кратко пред крајот на резот, намалете го притисокот и
лесно подигнете го електричниот апарат, за да не падне на
делот што се обработува.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно ракување со
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме
обратете се во овластената сервисна служба за Bosch
електрични апарати.
OBJ_BUCH-1398-004.book Page 126 Friday, July 5, 2013 11:42 AM
Page view 125
1 2 ... 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 131 ... 167 168

Comments to this Manuals

No comments